Шпанскиот премиер Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, девет месеци пред редовниот термин. Одлуката следува по поразот на Владата во парламентот околу пакетот мерки за домување и по масовните протести поради високите кирии и трошоци за живот.
Малцинската влада на Санчез изминатиот период се потешко обезбедуваше парламентарна поддршка. Изминатата недела беа отфрлени два владини декрета со кои требаше да се засили заштитата на станарите и да се ограничат дел од последиците од растечките трошоци за домување.
Политичкиот притисок врз Педро Санчез се зголеми и поради миграциските тензии во Сеута и корупциски случаи поврзани со лица од неговото политичко опкружување.
Санчез е на власт од 2018 година. Актуелниот мандат го почна во 2023 година, но Владата не успеа да обезбеди стабилно мнозинство и зависеше од поддршката на помалите партии.