мвр

Со 2,36 промили алкохол предизвикал пожар во Старо Нагоричане, полицијата го приведе

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане вчера вечерта го лишија од слобода Ф.М.(25) од с.Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.

Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести