предизборна кампања во србија

Лекарите не му дозволија на Фицо да патува со авион во Белград: Испрати голема поддршка за Вучиќ

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на препорака и одлука на својот лекар тој не отпатува за Србија.

Неговото здравје поради обидот за атентат, и натаму не му дозволува да патува со авион, иако неговата голема желба била да дојде во Србија и лично да присуствува на еден од големиот народен собир на листата која ја предводи Александар Вучиќ, наречена Обединета Србија, соопштија од СНС.

„За наша голема жалост, премиерот на Словачката Република нема да биде во можност да присуствува на големиот народен собир во Белградската арена. Сепак, премиерот Фицо изрази желба неговиот говор да биде прочитан на собирот, за на тој начин да му упати поздрав на својот пријател Александар Вучиќ, на граѓаните на Србија и уште еднаш да го потврди своето пријателство кон нашата држава и српскиот народ“, се наведува во соопштението.

СНС му се заблагодари на премиерот Роберт Фицо за големата желба да биде на собирот во Белград, како и за искреното пријателство и поддршката што со години ги докажува.

Во обраќањето што требаше да го одржи на собирот во Арената, Фицо наведе дека се обраќа не само како премиер на Словачка, туку пред сè како Роберт Фицо, пријател на сите во Србија и, секако, пријател на Александар Вучиќ.

„Доаѓам како некој што длабоко ја почитува силата што Србија ја стекна за овие речиси петнаесет години, во кои Александар беше Премиер и Претседател. Се сеќавам на нашите први средби, човек сè уште млад, но со јасна визија за својата земја. Гореше од желба Србија да биде успешна и богата, не му беше срам да праша, да примени нешто што видел кај другите, доколку препознаеше дека тоа би можело да ѝ донесе напредок на неговата земја“, наведе Фицо.

Најнови вести