Во големата судница во Идризово денеска ќе се одржи ново рочиште за случајот за трагедијата во кочанската дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
Според планот на судот, последното рочиште за годинава е предвидено за 24 декември, по што процесот ќе продолжи во 2027 година.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.