Ојо гокк

Приведен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола: Претресен неговиот дом и службените простории

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК во моментов врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела.

Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата лишен од слобода е обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални информации, случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот
Борче Марковски.

Од ОЈО ГОКК соопштија дека Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Повеќе детали по завршување на дејствијата во текот на утрешниот ден.

Најнови вести