Починати, иселени и фиктивни лица: Фрапантни 4.500 луѓе лажно користеле социјална помош

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

Мицкоски тврди дека меѓу лицата за кои државата исплаќала средства имало починати лица, иселени граѓани, но и фиктивни корисници.

– До овој момент имаме повеќе од 4.500, значи не 45, не 450, туку 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност – рече Мицкоски.

Според премиерот, по направените анализи и теренските проверки, износот на средствата предвидени за исплата овој месец е за околу 200 милиони денари помал во споредба со истиот месец минатата година.

– Како е тоа возможно? Возможно е затоа што корисници биле, за жал, починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе и така натаму – изјави Мицкоски.

Најнови вести