Војна

Зеленски предупредува на претстоен „масовен удар“ од Русија

Во последните недели, Русија ги зголеми нападите со беспилотни летала врз главниот град на Украина.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Украиана, Володимир Зеленски предупреди, најновите разузнавачки информации сугерираат дека Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина.

„Имаме ажурирани информации за подготовките на Русија за масовен напад. Ве молам, да се грижите за себе. Ве молиме одговорете на предупредувањата за ракетна закана. Украинските служби и нашите воздухопловни сили се подготвени да одговорат – колку што дозволува нашата одбрана“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател Зеленски, исто така, рече дека Русија нападнала два цивилни брода во бугарските води на Црното Море, додавајќи дека украинските сили „не спровеле никакви операции во оваа област на морето“.

Најнови вести