блиски исток

7 Октомври: Три години од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Со нападите врз Израел од Појасот Газа, на денешен ден пред три години започна војната меѓу Хамас и Израел, најразорната во историјата на арапско-израелските конфликти од 1948 година до денес.

Терористите на Хамас, припадници на Бригадите Ал Касам, тогаш на територијата на Израел убија 1.195 лица, од кои 815 беа цивили – Израелци и одреден број странски државјани, а 251 лице беше киднапирано.

Тоа беше годишнината од војната Јом Кипур од 1973 година, која се совпаѓа со важен еврејски верски празник. Нападите на екстремистите од Хамас, Народниот фронт за ослободување на Палестина и Исламскиот џихад, извршени од Појасот Газа врз Израел во зори на 7 октомври 2023 година, беа неочекувано брутални.

Израел денес ќе одбележи три години од нападот на 7 октомври 2023 година, кога терористи предводени од палестинската милитантна организација Хамас убија околу 1.200 луѓе и киднапираа 251 лице, што беше оценето како најсмртоносниот ден во историјата на Израел.

Комеморациите започнуваат во 6:29 часот по локално време, бидејќи токму тогаш започнал нападот, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Преживеаните и семејствата на жртвите ќе се соберат во кибуцот Реим, каде што се одржуваше музичкиот фестивал „Нова“ и каде што беа убиени 378 луѓе, а 44 беа земени како заложници.

Најнови вести