Прогласен ден на жалост во Краматорск поради 35 загинати во руските напади

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Краматорск, во Донецката област во источна Украина, прогласен Ден на жалост поради 35 загинати лица во руските напади, соопшти началникот на Градската воена управа на Краматорск, Александар Гончаренко.

Тој објави на Фејсбук дека денеска вкупно 35 лица загинале на подрачјето на Краматорск во руските напади.

„Најмалку 30 лица загинаа, а 20 се повредени во руските напади врз автобуси. Уште три лица загинаа во нападот врз селото Биленке. Две лица загинаа кога дрон удри во автомобил во центарот на Краматорск. Вкупно 35 човечки животи беа згаснати поради руската агресија. За 35 семејства овој ден засекогаш ќе остане ден на ненадоместлива загуба“, наведе Гончаренко.

Најнови вести