Ураганот Исајас зајакна и достигна втора категорија, со ветрови со брзина од околу 169 километри на час, и продолжува да се движи кон северниот брег на Мексиканскиот Залив, каде што се очекува вечерва да стигне до копното.
Националниот центар за урагани соопшти дека бурата денес би можела накратко да достигне статус на силен ураган, но се очекува да ослабне пред да стигне до копното и најверојатно да премине во прва категорија, пренесе Еј-Би-Си (ABC).
Исајас е првиот атлантски ураган оваа сезона и најдоцна регистрираниот прв ураган во една сезона.