Војната во Украина од ден на ден е се поинтензивна. И Киев и Москва нотираат напади со ракети и беспилотни летала. Додека расте црниот биланс, дипломатијата и натаму без успех.
Бројот на загинатите во рускиот напад врз магацин за муниција во Киевската област се искачи на 38, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по уште четири лица кои се водат како исчезнати.
Украинскиот претседател изјави дека украинските сили извршиле неколку напади со долг дострел врз руската инфраструктура. Нападнати биле места за складирање, подготовка и лансирање беспилотни летала за напад во регионите Орјол и Ростов, како и воен аеродром во Јејск и објекти на Црното Море, како и рафинерија во регионот Ленинград, која придонесува милиони долари во воениот буџет на Кремљ секој месец.
Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да се одржи само доколку целта е формализирање на конкретни договори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.