Во Младинскиот културен центар во Скопје во среда – 14 октомври, во 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на младиот македонски уметник Никола Тренов, насловена „Примитивна хармонија: Есенција на постоењето“.
Изложбата претставува визуелна приказна за човекот и неговата вечна потреба за близина, љубов, слобода, припадност и заедништво, но и неговиот однос кон природата и светот што го опкружува.
Никола Тренов е роден на 10 мај 2000 година во Скопје. Во 2024 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, а во 2026 година на истиот факултет магистрирал ликовни уметности во областа на сликарството. Неговите дела се дел од повеќе приватни колекции.

Неговото творештво се карактеризира со фигуративен интуитивен експресионизам, преку кој човечката фигура ја истражува низ призма на лично доживување. Неговите дела се препознатливи по елементите на примитивен цртеж, експресивниот потег, интензивниот колорит и силниот емоционален набој во композицијата.