Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.И. (62) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според МВР, пријавениот како директор на ЈП „Национални шуми” – подружница Шумско стопанство „Шумарство” – Свети Николе, од јули до ноември 2023 година склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти без претходно спроведена постапка, однапред утврдени критериуми и без обезбедување на транспарентен и конкурентен избор на правно лице.
Со преземените дејствија, осомничениот му овозможил на правно лице од велешко да се стекне со противправна имотна корист од 3.422.592 денари.