Околу 7.000 работници денеска беа евакуирани од околината на фабрика за производство на хемикалии во градот Улсан, во Јужна Кореја, откако таму избувнал пожар.
Пожарот избувнал во 9:41 часот по локално време, по што противпожарните служби ангажирале околу 200 пожарникари и три хеликоптери за гаснење на огнот, соопшти противпожарната управа на Улсан, пренесува Јонхап.
Сите 16 работници кои се наоѓале на местото на пожарот биле евакуирани.
Засега нема информации за жртви.