мвр

Пронајдени бесправно исечени огревни дрва, лишени од слобода четворица дрвокраци

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На место викано Мраморица, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера ги лишија од слобода Г.К.(55) од Кавадарци, Д.К.(51) од с.Крњево, кавадаречко, Е.Р.(37) од с.Сливник, велешко и Л.В.(32) од Кавадарци.

При контрола во две товарни возила, во кои биле четворицата, биле пронајдени и одземени околу 40 метри квадратни бесправно исечено огревно дрво. По целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести