Нато

Руте: Нема докази дека Русија планира да нападне членки на Алијансата

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази оти Русија има намера да нападне некоја земја членка на Алијансата.

За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за издвојувањето пет проценти од бруто-домашниот производ за одбрана и за поддршката на Украина, истакнувајќи дека оваа земја поставува стандарди за останатите членки на НАТО, пренесе естонскиот јавен сервис.

Најнови вести