Управата за хидрометеоролошки работи за денеска, 15 октомври, најавува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9, а максималната од 12 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, следува период на променливо облачно и стабилно време. За петок УХМР најавува слаби локални врнежи од дожд што на повисоките планини ќе бидат од снег.