основно јавно обвинителство

Се зајакнува соработката во борбата против трговијата со луѓе: Средба на обвинители од Македонија и од Бразил, Колумбија и Венецуела

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Конкретни постапки со сомненија за трговија со луѓе во кои осомничени или жртви доаѓаат од јужноамериканските држави, беше главна тема на денешната средба меѓу Јавниот обвинител Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат во предмети за кривичното дело, Трговија со луѓе со претставници на обвинителствата од Бразил, Колумбија и Венецуела кои во нивните земји постапуваат по ваков вид на криминал.

Средбите како што соопштија од Јавното обвинителство биле организирани на маргините на дводневната Регионална експертска средба посветена на зајакнувањето на прекуграничната соработка и заштитата на странските жртви на трговија со луѓе во Западниот Балкан што во се одржува во Скопје, под покровителство на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ).

На состанокот била договорена и натамошна директна соработка и испитување на можностите за потпишување меморандуми со кои дополнително ќе се развијат каналите за размена на информации со јавните обвинителства во овие земји со цел ефикасен прогон на меѓународниот криминал.

Најнови вести