Блиски исток

Обединети Нации: Ризикот од враќање во војна во Газа никогаш не бил поголем

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Високиот функционер на Обединетите Нации за Блискиот Исток, Рамиз Алакбаров, изјави дека очајот во Газа е очигледен, а прекинот на огнот постои само на зборови. По дводневната посета на Газа, Алакбаров направи проценка на хуманитарните услови, напорите за одговор и итните потреби за заштита, а се сретна и со раселените заедници кои се соочуваат со уште една зима без покрив над глава.

„Израелските воени операции продолжуваат, предизвикувајќи околу 1500 палестински жртви, вклучувајќи повеќе од 320 деца и 140 жени откако прекинот на огнот стапи на сила. Палестинците се соочуваат со постојани закани за нивната безбедност и егзистенција“, рече Алакбаров, преставник на ООН за Блискиот Исток.

Прекинот на огнот во Газа мора да стане основа за вистинско закрепнување и трајно политичко решение, а ризикот од враќање во војната никогаш не бил поголем и мора да се избегне по секоја цена, порача претставникот на Организацијата.

Во исто време, Палестинците објавија дека во енеклавата два дена не пристигнала никаква комерцијална стока, што предизвикува стравувања од влошување на недостигот на основните потреби пред зимата на територијата на Газа.

Хуманитарните групи генерално внесуваат основни производи како брашно, додека трговците, лесно расиплива стока, овошје и месо. Трговците се координираат директно со продавачите надвор од територијата, чии пратки ги испитува израелската војска пред да влезат во Газа.

Населението на Газа, од околу два милиона луѓе имаат потреба од приближно 250 камиони со стока секој ден. Тоа е далеку под минимумот од 600 камиони дневно утврден со прекинот на огнот посредуван од САД пред една година.

Војната во Газа почна кога милитантите предводени од Хамас убија околу 1200 луѓе на 7 октомври 2023 година и зедоа 251 израелски заложник. Израел одговори со масовно бомбардирање и копнена инвазија во која загинаа десетици илјади луѓе.

Најнови вести