Поради страв дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп можеби ја повлекува поддршката за Украина, претседателот Володимир Зеленски, во Брисел на средби со челниците на Европската Унија кои присуствуваат на дводеневен самит.
На маргините на самитот, претседстелот на Украина вчера се сретна со полскиот премиер Доналд Туск, францускиот претседател Емануел Макрон, данската премиерка, Мете Фредериксен.
Лидерите на ЕУ вчера дебатираа за прашања поврзани со економијата и предизвиците за европската конкурентност, вклучувајќи ги и цените на енергијата. За Украина е закажано да се разговара денеска, со акцент на континуираната поддршка, хибридните напади во Европа поврзани со Русија.
Украина претходно објави дека Зеленски се чувствува предадено од договорот на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, најавата за енергетски прекин на огнот и ограничувањата на употребата на комуникациските терминали Старлинк произведени во САД. Трамп негираше дека САД ја прекинале разузнавачката соработка со Украина. Кремљ обвини дека Зеленски не сака мир.