Податоците на државниот завод за статистика покажуваат на широко распространета употреба на интернетот и дигиталните услуги во секојдневниот живот на населението, како и на висок степен на пристап на интернет во македонските домаќинства.
Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од населението во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, најмногу за телефонски и видео повици.
Податоците за користењето на информациско- комуникациските технологии во домаќинствата и од поединците на ДЗС нотираат дека интернет неколкупати во текот на денот користеле 81,2 проценти од населението, а исто толкав процент, нарачале или купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.
Најголемо учество од 88.4% има размената на пораки, главно преку Messenger, WhatsApp и Viber.