Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Тони Станковски, претседател на ЗГ „Љубезност“, денеска, по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата, поделија повеќе од 400 оброци.
Ѓорѓиевски и Станковски се приклучија и на штандот на отец Оливер и однесоа храна на пунктовите на ХО „Св. Спас“.

– Секој човек заслужува достоинство, почит и сигурност дека во тешките моменти нема да остане сам. Од срце им благодарам на Тони Станковски, на отец Оливер, на волонтерите од „Љубезност“ и „Св. Спас“ и на сите кои вложуваат време, труд и љубов за да помогнат.

Вашата посветеност е пример за човечност што заслужува и почит и поддршка. Како градоначалник, мојата обврска е да бидам покрај граѓаните, особено кога животот ги става пред најтешките искушенија. Скопје е град на солидарноста и на големите срца. Таа солидарност живее во секоја подадена рака, во секој споделен оброк и во нашата подготвеност да застанеме покрај човекот кому му е потребна помош – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ќе продолжи да ги поддржува иницијативите што носат конкретна помош и да работи за Скопје во кое грижата за човекот е секојдневна должност, бидејќи вистинската големина на еден град се гледа во грижата што ја покажува кон своите луѓе.