Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Франција е погодена од последиците на имиграцијата и ги повика француските власти да ги затворат границите и да ја преземат контролата врз ситуацијата, предупредувајќи дека во спротивно би можело да биде предоцна.
„Франција гори! Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во срцата, ја уништи таа некогаш голема земја. Затворете ги границите и преземете ја контролата, пред да биде предоцна!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа на Truth social.
Низ цела Франција во саботата изби насилство за време на најновиот бран протести против лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот.