Партиска реакција

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите и сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Владата на Мицкоски го укинува Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, обвинува СДСМ.
Од партијата велат дека ова е чекор назад кој значи поништување на реформите кои се спроведоа по препораките на Прибе.

„Скандалозно е што самото МВР оценува дека законот е системски правилно поставен и усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО, а сепак предлага негово укинување. Ако проблемот е во спроведувањето, зошто се укинува законот? Ако недостига оперативен капацитет, зошто не го обезбедат? Ако постои недоверба меѓу институциите, кој е одговорен да ја надмине? Не држат изговорите. Целта на Мицкоски е јасна, да воведе целосна партиска контрола над службите, како во времето на Груевски и Сашо Мијалков. Како што го контролира правосудството, полицијата и се друго во државата”, стои во соопштението на Социјалдемократската партија.

Според партијата реформите кои што се спроведоа по стандарди на ЕУ и НАТО имаа јасна цел: професионални служби, разграничени надлежности, демократска контрола и заштита на граѓаните. Од СДСМ додаваат дека Законот за координација обезбедува заеднички проценки на заканите, размена на информации и усогласено постапување на АНБ, Агенцијата за разузнавање и военото разузнавање. Со Советот претседава премиерот, а механизмот ги поврзува службите и со предлозите на Советот за безбедност. Како што велат во СДСМ, сега Мицкоски тоа го поништува за партиски и лични цели.

СДСМ бара повлекување на предлогот и отворање јавна, експертска и парламентарна расправа.

Најнови вести