Најава за нова ескалација

Американските амбасади на Блискиот Исток издадоа безбедносни предупредувања

Државјаните на САД кои во моментов се наоѓаат во 12 земји се повикани да бидат особено внимателни.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Амбасадите на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток издадоа безбедносни предупредувања. Се повикуваат американците на зголемена будност поради сложеното безбедносно окружување, потенцијално откажувања на летови, затворање на воздушниот простор и прекини во патувањата.

Државјаните на САД кои во моментов се наоѓаат во Израел, Саудиска Арабија, Ирак, Либан, Јордан, Катар, Бахреин, Кувајт, Оман, Обединетите Арапски Емирати, Јемен и Иран, се повикани да бидат особено внимателни.

Во предупредувањето што опфаќа 12 земји се потенцира дека „непријателствата би можеле брзо да се прошират”. Во меѓувреме, „Катар ервејс” соопшти дека ќе ги суспендира летовите до и од Ријад и Дамам во Саудиска Арабија до 24 октомври. Компанијата, исто така, ќе го намали бројот на дневни летови до Џеда.

Дека постои опасност од новите напади, една од најсериозните индикации е зголеменото американско воено присуство
во регионот. Според најновите извештаи на светските агенции, два американски носача на авиони се наоѓаат во Арапско Море, додека активноста на авијациските танкери укажува на засилени воздушни операции.

Иран вчера упати ново предупредување до Соединетите Американски Држави и Израел, најавувајќи дека вооружените сили на Техеран подготвиле оперативен план за случај на нови напади врз Исламската Република.

Најнови вести