Временска прогноза

Денес сончево време од утре облачно и дождливо

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

УХМР за денес најавува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од среда попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд.

Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи.

До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.

Најнови вести