По Франција, Италија, Португалија и Албанија, протести и во Грција. Барањата се исти, повеќе пари во јавното образование, бесплатни студентски домови и оброци, како и мерки за справување со растечките трошоци за живот.
Протестите почнуваат во Атина, каде што студентите од десетици факултети ќе постават шатори на плоштадот Синтагма, со што симболично ќе укажат на високите кирии, недостигот од студентски домови, поскапувањето на основните производи и на лошата состојба на дел од универзитетите.
Главниот протест ќе се одржи утре напладне пред влезот на Атинскиот универзитет. Студентските здруженија најавија прекин на наставата на факултетите и учество во протестот, а досега најмалку 15 здруженија од поголемите универзитети во регионот Атика ја поддржале иницијативата. На протестите ќе се приклучат и лекари, пензионери и работници во Министерството за култура.
Голем национален штрајк во Грција е најавен за во ноември.