Кривичен суд

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА ЛОТАРИЈА: Сведокот заминал на службен пат

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денешното рочиште за Лотарија се одложи бидејќи сведокот кој е вработен во Државна лотарија заминал на службен пат а доцна синоќа го информирал обвинителството.

Дополнително, поради здравствени причини и адвокатот на Артан Груби отсуствуваше од судењето.

Во однос на тврдењата на претходниот сведок кој го смени исказот, обвинителите најавија дека ќе го испитаат ваквото однесување.

Фото: репер

Што се однесува до вториот сведок, не се согласувам со оцените на одбраната, барем во однос на неговото сведочење. Тој посочи неколку клучни моменти за кои сметаме дека се важни за предметот. Иако станува збор за предмет што генерално се заснова на материјална документација како доказ, сведоците даваат одредени поврзници меѓу тие материјални докази. Вториот сведок изнесе неколку клучни поенти за кои сметам дека одат во прилог на теоријата на одбраната. Видов некои медиумски написи дека вториот сведок не кажал ништо, но ние не се согласуваме со таквата оценка – изјави обвинителов Коцев.

За утре во 11 часот во Кривичниот суд е закажано ново судење.

Најнови вести