Промовирана платформата ЕкоСкопје, ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување.
Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис.
Така, службите полесно ќе го пронајдат местото и ќе имаат појасна слика за состојбата на терен, рече Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Додаде дека по поднесувањето, може да се следите статусот на пријавата. За граѓаните тоа значи полесно пријавување, поголем увид во постапувањето и подиректна комуникација со институциите.
За нас, тоа е дополнителна обврска за одговорност и видливи резултати.
Информираше дека досега се набавени 3.300 нови контејнери, како и нови камиони за собирање смет, цистерни и метларки. Во тек е и постапката за воведување видеонадзор, кој ќе помогне во откривањето и постапувањето против оние што намерно создаваат диви депонии.
Проектот се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија за финансиската поддршка и ЛЕАД.
Еколошки проблем ќе може да се пријавува на следниот линк (https://ekoskopje.skopje.gov.mk)