Во СВР Скопје, Р.С. (41) од Скопје вчера пријавил дека на голем одмор пред средно училиште на подрачје на Шуто Оризари, каде што учел, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од две лица, од кои едниот извадил пиштол, но не пукал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.