Цена на горива

ВЛАДАТА ГИ ПРОДОЛЖУВА МЕРКИТЕ: Намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Владата ја продолжи мерката за
намалување на данокот на додадена вредност за дизелот од 18 на 10 проценти, како и мерката за намалување на акцизата за горивата, до втори ноември 2026 година, објави на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

,,Продолжуваме да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и да преземаме навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност”, истакна министерката за финансии.

ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од два денара за дизел гориво

Во исто време, постигнат е договор помеѓу Владата и компанијата Окта за дополнително намалување на цената на дизелот. Како што велат од компанијата, од денеска, па се до втори ноември, во сила ќе биде попуст од два денара за дизел гориво за испораките до трговците на мало и големо. Конечните малопродажни цени и натаму самостојно ќе ги утврдуваат трговците со горива.

Иницијатива е дел од таргетираните мерки за поддршка, кои ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да придонесе кон ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и за поддршка на стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива.

Најнови вести