Самит на Шангајската организација за соработка во главниот град на Киргистан. Шефови на држави од организацијата, која се позиционира како значајна платформа за соработка меѓу незападните земји, дискутираат за продлабочување на соработката.
Се очекува рукиот претседател Владимир Путин денеска да разговара со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, во период кога Москва и Техеран настојуваат да ги зацврстат врските со незападните партнери.
Шефот на Кремљ, на маргините на самитот одржал одделни билатерални средби со кинескиот претседател Шји и со индискиот премиер Моди. Во разговорот со кинескиот претседател, Путин ја потврдил подготвеноста на Москва актуелниот безвизен режим меѓу Русија и Кина да стане траен. На средбата со Моди, рускиот претседател истакнал дека односите меѓу Русија и Индија
продолжуваат да се зајакнуваат.

Шангајската организација за соработка е основана во 2001 година од Кина, Русија и четири централноазиски држави, првично како безбедносен форум. Денес организацијата брои 10 членки, меѓу кои Индија, Иран, Пакистан и Белорусија, додека повеќе други држави имаат статус на партнери.