Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, изјави дека Соединетите Американски Држави не смеат да се потпираат на која било друга земја или синџир на снабдување за своите идни потреби за војување.
Секретарот Хегсет рече дека иднината на војувањето бара поврзаност во сите домени и брз технолошки напредок. Тој објави дека Пентагон почнал нова иницијатива наречена ,,Проект Меридијан” за да се справи со идните барања за војување, давајќи приоритет на технолошкиот напредок, со кој Вашингтон би се осигурал дека борците ќе доминираат во секоја област.
Секретарот за одбрана (или како што претседателот Доналд Трамп го преименуваше, за војна) рече дека администрацијата бара инвестиција од 1,5 трилиони долари за војската и вети поголеми и подолги договори за одбранбените компании.
“Ја обновуваме нашата војска со најдобра опрема и лидерство за да се осигураме дека нашите војници имаат секаква предност и дека никогаш не се во фер борба”, рече Хегсет.