европска унија

Каја Калас ги обвини САД дека се обидуваат да ја принудат Украина на капитулација

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Високата претставничка на Европската Унија  за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска изјави дека Соединетите Американски Држави веќе речиси две години се обидуваат да ја принудат Украина на капитулација. Таа оцени дека европската поддршка е единствената причина поради која Киев сè уште може да ѝ се спротивставува на Русија.

„Ако американските преговарачи веќе речиси две години се обидуваат да ја принудат Украина на капитулација, причината поради која Украина не капитулирала под условите на Путин е тоа што Европа ја поддржува“, изјави Калас во обраќањето пред пратениците во Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур.

Како што пренесува бриселскиот „Репортер“, Калас навела и дека на министрите за надворешни работи им претставила „максималистички план“ за мировните преговори, нагласувајќи дека Европа мора да изнесе сопствени барања, наместо само да одговара на руските предлози.

Најнови вести