МЕПСО бара речиси двојно зголемување на цената за пренос на електрична енергија од јануари 2027 година. На потег е Регулаторната комисија за енергетика, која доколку го одобри барањето од 97,68 насто, сметките на домаќинствата би можеле да пораснат за околу четити до 5 проценти.
За семејство со месечна потрошувачка од 400 киловат-часови, тоа би значело приближно 140 денари дополнителен трошок.
Најголемо влијание врз цената што граѓаните ќе ја плаќаат од први јануари ќе има понудата на ЕСМ. Во моментов,
компанијата ја продава електричната
енергија на ЕВН Хоум по цена од 65 евра
за мегават-час.
Премиерот Христијан Мицкоски, неделава изјави дека до крајот на годината нема да има нивелирање, односно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.
Дополнителна неизвесност има и за корисниците на централното греење во Скопје. ЕСМ Производство, ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и „Енерџи Еколонг”, поранешна „Скопје Север” – поднеле барања за корекција на цената на топлинската енергија. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас, кој има значително влијание врз трошоците за производство на топлинска енергија.
Доколку Регулаторната комисија за енергетика одобри нова корекција, тоа ќе биде трето поскапување на парното во 2026 година.