Нов напад на Киев: 15 повредени меѓу нив двајца тинејџери

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во руското гранатирање на Киев во текот на ноќта повредени се 15 лица, меѓу кои и двајца 15-годишни тинејџери, а оштетени се станбени објекти, бензинска пумпа, здравствена установа и дел од инфраструктурата на метрото, соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Кличко на Телеграм наведе дека осуммина од повредените се хоспитализирани во градските болници, пренесува Укринформ.

Во Днепровскиот реон оштетени се приватни станбени куќи и бензинска пумпа, додека во Свјатошинскиот реон избувнал пожар во објект на ресторан.

Додека траат нападите се интензивираат дипломатските разговори за ставање крај на војната.

Разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Русија беа конструктивни и ќе продолжат преку трилатерални преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Русија и Украина на техничко ниво, соопшти американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, истакнувајќи дека „претстои уште многу важна работа“.

„Во Осло и Санкт Петербург, Џаред Кушнер и јас се сретнавме со руски, украински и европски лидери со цел да ја унапредиме мисијата на претседателот Трамп за ставање крај на војната. Во Санкт Петербург разговаравме со претседателот Путин, надоврзувајќи се на напредокот постигнат во Осло со претседателот Зеленски. Разговаравме за рамката за мир, а исто така му се заблагодаривме на претседателот Путин за ослободувањето на американскиот државјанин Стивен Хабард, кој сега може да се врати дома кај своето семејство“, напиша Виткоф на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Најнови вести