ЖЕНА СЕ ПОРОДИЛА ВО ВОЗ ВО ХОЛАНДИЈАТА: Мајката и бебето се во добра здравствена состојба

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Жена во поодмината бременост се породи во воз во холандскиот град Гронинген, откако ѝ пукнал воденикот додека патувала кон болница на контролен преглед. Мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба, пренесуваат холандските медиуми.

Жената се качила во воз на компанијата Арива на железничката станица Европапарк, а породувањето започнало набргу по тргнувањето, пренесува NL Times.

Според сведочењето на една од патничките, целиот настан се одвивал за околу две минути.

Најнови вести