Дел од веб-страниците на институции и организации во Европа на 21 октомври привремено престанаа да работат поради сериозни слабости во технологијата што се користи за прикажување на содржини, се обработуваат формулари и ср користат за комуникација со бази на податоци.
Безбедносните пропусти биле откриени со помош на алатки засновани на вештачка интелигенција.
Меѓу организациите за кои беа објавени информации за преземени безбедносни мерки се, холандската агенција за кибер-безбедност, операторот на Википедија и Интернет архивата, голема дигитална библиотека што чува милиони книги, документи и веб- страници.
Исклучувањето беше превентивна мерка за да се намали ризикот од напад додека се во тек поправките. Владите и агенциите за кибер безбедност се потрудија да ги ограничат последиците од откритието и ги повикаа операторите на веб-страници да инсталираат ново итно решение или да размислат за исклучување на нивните платформи.
Оваа технологија со децении се користи за изградба и одржување на веб-страници, вклучително и на популарни платформи како WordPress, Drupal и Joomla.