Министерството за дигитална трансформација објави дека веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени со преземање превентивни мерки, по објавувањето на информациите за критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик РНР, кои предизвикаа привремено исклучување на бројни владини веб-страници низ Европа и светот.
Според досегашните проверки, не се утврдени индикации за успешно искористување на наведените ранливости или за компромитирање на веб-страниците на Владата и министерствата.
Преземените мерки се насочени кон намалување на ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и потенцијално компромитирање на веб- серверите.
Во рамките на превентивните активности, привремено бил блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи, со цел да се спречи евентуално искористување на ранливостите. Потоа беа спроведени проверки на софтверските верзии, применети соодветни безбедносни закрпи и ажурирања и проверени функционалноста и безбедноста на веб- сервисите.
Министерството за дигитална трансформација информира дека преку Секторот за сајбер-безбедност и владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, продолжува со засилено и континуирано следење на кибер-заканите, анализа на безбедносните настани и лог-записите, како и проверка на потенцијалните индикатори за компромитирање.
Исклучени веб-страници на Влади и компании во Европа, ВИ откри пропусти во безбедноста