В недела гласање

СРБИЈА ПРЕД КЛУЧНИ ИЗБОРИ: Завршни митинзи одржаа и Вучиќ и Студентската листа во Белград

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Александар Вучиќ го одржа својот последен митинг во Белград пред општите избори закажани за во недела.

Поранешниот српски претседател и се заблагодари на толпата за нивната, додавајќи дека неговите поддржувачи не штитат ничиј канцелариски стол или нечија влада. Александар Вучиќ ја обвини Студентската листа дека сака да ја раздели Србија од Кина и дека не сака да се изјасни за санкциите за Русија.

,,Ви благодарам за оваа невидена енергија. Таква енергија не може да се види кај луѓе кои се на власт една или две години, а камоли 14. Но, знам дека знаете – дека не штитите ничија канцелариска фотелја или ничија влада, вие ја штитите државата. Знаете како да ја заштитите Србија. Затоа има толку многу енергија во вас. Толку многу сила”, рече Вучиќ пред толпата во Белград.

Митингот на Вучиќ следуваше речиси во исто време откако партијата Студентска листа, поддржана од младите, го одржа својот последен митинг во Белград пред изборите. Со звуците на „Маршот на Дрина“, околу 250 кандидати на Студентската листа, продефилираа пре десетици илјади луѓе на Славија во Белград.

Изборите на 25 октомври, кои се оценуваат како ,,избори со висок ризик”, беа распишани од Вучиќ пред тој да се повлече од претседателската функција изминатиот месец, во обид да се врати на власт како премиер и лидер на неговата Српска напредна партија.

Најнови вести