Премиерот Христијан Мицкоски им посака на сите првоодделенчиња успешни училишни денови, другарување и стекнување нови пријателства.
„Мислам дека сега отпочнуваат една нова фаза од своите животи којашто, се разбира, ќе има многу предизвици. За жал, животот не е она што најчесто се гледа по социјалните медиуми — „Инстаграм“, „Тикток“ и слично, туку напротив, животот има многу предизвици. Тие предизвици треба да се решаваат, тие предизвици ќе треба да се совладуваат сами или заедно со своите родители, заедно со своите другари и другарки, се разбира, во училиштата“, истакна премиерот.




Во сите училишта во државата се обезбедени бесплатни учебници, информираше шефот на владата.