СВР Скопје, Одделението за криминалистички рабори при ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против А.И.(20), Е.И.(20) и во врска со М.С.(19), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” по чен 237 од Кривичниот законик.
Пријавата е поднесена, постапувајќи по пријава дека на 04.08.2026 извршиле разбојништво над Д.Т. од Скопје. Тие се изнесени пред судија на претходна постапка при Основен Кривичен Суд Скопје.
На 22.10.2026, СВР Скопје, Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров расчисти кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик, извршено во куќа во с.Љубин од каде се одземени парични средства во износ од 25.000 евра, различен златен накит и рачни часовници, со што пријавените се стекнале со вкупна во вредност од 3.399.000 денари. Со судска наредба извршен е претрес на дом и други простории кај А.А. од Скопје и М.А. од Скопје и тие се лишени од слобода.
Додека, пак, распишан е локален распис за Ј.Т. од Скопје бидејќи не беше пронајден на пријавената адреса, а се сомничи дека и тој учествувал во извршување на делото.