Зеленски најави нова рунда разговори за мир во ноември

Средбата во Абу Даби би можела да претставува нов обид за придвижување на мировниот процес.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Украинскиот претседател Володимир
Зеленски најави нова рунда мировни преговори меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави во првата половина на ноември во Абу Даби, на техничко ниво.

Претседателот Зеленски се надева дека разговорите ќе го отворат патот за директна средба меѓу лидерите на земјите, како нов чекор во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.

Зеленски нагласи дека евентуалниот мировен договор мора да содржи јасни и долгорочни безбедносни гаранции за Украина. Според него, неопходно е да се обезбеди и финансирање на украинските вооружени сили во период од десет години, со цел земјата да располага со капацитети за сопствена одбрана и по евентуалното завршување на војната.

Најнови вести