СДСМ обвинува дека секој нов месец има нови поскапувања. Од наредната година, велат, се најавуваат и нови покачувања на струјата и парното.
Во Европа се предупредува на нов удар поради раст на трошоците за енергија. Многу земји веќе преземаат мерки само владата на Мицкоски не прави ништо, додаваат од партијата, велат од партијата.
-Цела година ги остави граѓаните сами, дозволи цените да отидат до плафон, затоа што владата не ги воведе мерките што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата.
Трошоците за живот за македонските граѓаните од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари.
Во октомври синдикалната минимална кошничка е над 70.000 денари, а со кирија за стан од 60 квадратни метри изнесува скоро 90. 000 денари.
Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.
Македонскиот работникот работи цел месец, а платата не му стигнува да преживее затоа има најниска плата во Европа.
Платите не ги следат поскапувањата. Стандардот е на ниво на една третина од стандардот во ЕУ. Не трета економија во Европа туку една третина.
Економските истражувања покажуваат дека на Македонија би и требале 52 години за да го достигне просекот на Европската Унија во благосостојбата.
Околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно, минималната плата не мрда од 26 илјади денари.
Арамијата Мицкоски го донесе народот до раб на преживување.
Ја одби секоја мерка на СДСМ за помош на граѓаните. Одби 600 евра мининимална плата, ги одби мерките за заштита на животниот стандард.
И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците.
Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.
За 4 милијарди евра арамијата Мицкоски го зголеми долгот за само две години, колку половина од вкупниот долг во изминатите 30 години.
Оваа сурова реалност е свесна одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Арамиски ја троши државнат каса. Трупа долг врз долг, и прави ребаланс на ребалансот- не за граѓаните, туку за криминални партиски тендери, велат од опозициската партија.