Се чека одлука на Апелација

19-годишен Македонец во притвор во Бугарија, фатен со фалсификувани 98.500 евра

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Окружниот суд во Хасково му одреди притвор на 19-годишниот македонски државјанин Хамза Дарлишта. Младиот човек се смета за кривично одговорен за обид за криумчарење на 685 фалсификувани банкноти во вредност од 98.500 евра. Парите биле скриени во неговата јакна, кога се обидел да помине преку контролниот пункт Капитан Андреево на 19 октомври 2026 година.

Дарлишта патувал кон Северна Македонија во автомобил управуван од друго лице. При преминувањето на границата, царинските службеници го забележале неговото сомнително однесување – бил вознемирен, го притискал грбот на седиштето и избегнувал контакт со органите на редот.

Дарлиштa е вонреден ученик во Скопје и работи како монтер на камери за
видеонадзор, пред истражните органи
изјавил дека не знаел оти парите се фалсификувани, но дека знаел за износот.

Според Обвинителството, 19 годишникот накратко влегол во Турција, каде што ја облекол јакната во чија постава биле скриени банкнотите.

Судот прифати дека постои реален ризик Македонецот да избега бидејќи е странски државјанин од земја надвор од Европската Унија и нема постојано или живеалиште во Бугарија.

Неговиот адвокат побарал поблага мерка, односно ослободување со парична
гаранција поради возраста и фактот дека досега не бил осудуван.

Судот, сепак, го прифатил барањето на Обвинителството и одлучил да го задржи во притвор, оценувајќи дека постои основано сомнение дека го сторил делото за кое се товари, како и опасност од бегство доколку биде пуштен на слобода.

Одлуката е предмет на жалба пред Апелацискиот суд во Пловдив.

Најнови вести