Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на среднорочните избори, велејќи дека својот глас го дал за сите републиканци во Флорида.
Доналд Трамп и првата дама Меланија пристигнаа на нивното гласачко место во Вест Палм Бич. Трамп беше критикуван во минатото за гласање по пошта и покрај неговата долга историја на негодување против тој метод на поднесување гласачки ливчиња.
По гласањето, шефот на Белата Куќа пред новинарите истакна дека би сакал Русија и Украина да склучат договор, а потоа да може да соработува и со двете земји.
,,Знаете, склучив договор со Украина за да ги добијам нивните природни минерали во вредност до трилион долари, а причината е што Бајден им даде опрема во вредност од 350 милијарди долари. Па реков, да, се чувствувам глупаво затоа што сè што требаше да направите е да ги прашате, но тие ќе платеа, што значи дека Европската Унија ќе плати. Сега немам коментари за тоа освен дека сигурно ќе соработуваме со Украина и со Русија откако ќе заврши оваа војна, мислам”, истакна претседателот на САД, Доналд Трамп.