Голем пожар во струшко

Најтежок пожар во моментов беснее во атарот на селата Локов и Буринец во Струга каде постои опасност да се прошири на квалитетна шума. Од ЦУК информираа дека до 13 часот регистрирани се 4 активни пожари, 7 се ставени под контрола.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во текот на вчерашниот ден во Македонија се регистрирани 26 пожари, на отворен простор, вели во пладневната изјава директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој предупредува дека опасноста од пожари и натаму е голема и ги исцрпува пожарникарите и сите останати кои учествуваат во нивното гасење.

Синоќа се одвивала вистинска драма во Општината Боговиње, во атарот на селата Урвич и Јеловјане кога огнот се приближил до првите куќи, но за среќа пожарникарите од Тетово заедно со населението од двете села, ја сопреле огнената стихија. Состојбата е стабилна, а пожарот е локализиран.

Ангелов информира оти тежок пожар денеска избил и во атарот на селата Локов и Буринец во Струга каде постои опасност да се прошири на квалитетна шума. На терен се испратени повеќе екипи од Национални шуми кои работат на ставање под контрола на овој пожар. Повеќе во изјавата.

 

Најнови вести