Во саботата попладне во Барселона се одржаа насилни протести против властите, при што демонстрантите кршеле излози и улични клупи. Каталонската полиција денеска соопшти дека се уапсени повеќе од 100 лица.
Протестите биле организирани преку социјалните мрежи, а на плоштадот Каталонија се собрале околу 500 демонстранти. Според шпанскиот портал „АРА“, учесниците носеле темна облека и качулки.
По избувнувањето на првите инциденти, каталонската полиција и специјалните интервентни единици започнале со интервенција за да ги стават демонстрантите под контрола во центарот на градот. Во тој период, во областа имало и голем број туристи, пренесува агенцијата ЕФЕ.