Меѓународна обука

Државата работи на зајакнување на меѓународната соработка во борбата против криминалот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Мкедонската полиција работи на зајакнување на меѓународните партнерства, унапредување на професионалните и технолошките капацитети за поголема сигурност за граѓаните.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Министерството за правда на САД, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026), која се одржува во Орландо, Флорида.

Конференцијата обединува повеќе од 16.000 професионалци од областа на јавната безбедност и претставници од над 90 држави, се разменуваат искуства и добри практики за справување со современите безбедносни предизвици, со посебен акцент на организираниот криминал, трговијата со дрога, финансискиот криминал, сајберзаканите и тероризмот.

Зајакнувањето на меѓународната соработка, градењето меѓусебна доверба и унапредување на размената на информации, се потенцираат како клучни предуслови за ефикасна борба против криминалот.

Најнови вести