Метео аларм

Доколку патувате во Грција денес и утре, бидете внимателни, можно е да ве зафати невреме

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Грција издаде вонредно метеоролошко предупредување за силни дождови, грмежи и локални врнежи од град за во понеделник и вторник, 26 и 27 октомври.

Според најавите невремето ќе зафати повеќе региони, меѓу кои Атина и островите во Егејското Море.
Најинтензивните појави се прогнозираат претежно во источниот дел од земјата.

Влошувањето на временските услови од денеска се очекува да продолжи најмалку до вторник. Грчката Цивилна заштита ги стави надлежните служби во зголемена готовност.

Македонските граѓани што патуваат или престојуваат во земјата треба да ја следат прогнозата, особено доколку се упатуваат кон Атина, Волос и погодените островски подрачја. Граѓаните што патуваат кон Атина треба особено да ги следат условите на патниот правец низ Тесалија и источна Централна Грција.

Најнови вести